Македонија
19. July 2024 - 8:44

Оштетени автомобили и кровови, поплавени домови - последици од невремето

Краткотрајното невреме што синоќа зафати делови од главниот град предизвика повеќе штети - паднати дрвја, оштетени автомобили, кровови, поплавени домови....

До Центарот за управување со кризи биле пристигнати пријави за 35 паднати дрвја, 15 бандери, 21 оштетен кров, 10 поплавени домови и две оштетени возила. Повеќе информации од ЦУК најавуваат во текот на денешниот ден.