Организирале луксузна свадба: Почна првиот танц, а потоа следуваше шок за сите гости
Гостите на венчавката на Дани (19) и Карл Маунтфорд (18) во Англија славеа без младенците откако на бремената невеста среде првиот танц и пукна воденикот.
Двојката по само неколку танцови чекори ја напушти салата и со такси на почетокот на славјето на 18 декември, отрча во болница за, следното утро да го дочека раѓањето на нивното девојче Јасмин.
-Во еден момент танцував со мажот, а во другиот се раѓаше нашата ќерка. Тоа беше големо изненадување, но денот на венчавката токму поради тоа беше многу посебен. Додека танцувавме, нешто почна да ми тече низ нозете. Бев во венчаница се додека не ме однесоа во болничката сала. Целата венчаници беше натопена со плодова вода, раскажа младата мајка.
Свадбената прослава двојката ја напуштила околу 22.30 часот, но гостите продолжиле да прославуваат.
-Не успеавме ни да ја пресечеме свадбената торта. Јасмин е добро и таа дефинитивно е најубавиот свадбен подарок кој го добивме, рече Дани.
Ново на Сител
-
Барањето за разрешување на Коцевски се уште не е стигнато во Советот на јавни обвинители
-
УЈП со нова услуга - Уверение за остварен доход ќе се вади електронски
-
Градот Штип, нов мост за соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
-
30 лица чекаат трансплантација на орган
-
Преглед на вестите од светот
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН