Орден за заслуги за Македонија за Драмски театар - Скопје
По повод 70 години од основањето и успешното презентирање, промовирање и негување на македонското и светското драмско творештво, претседателот Ѓорге Иванов денеска го одликува Драмскиот театар – Скопје со признанието „Орден за заслуги за Македонија“.
Претседателот Иванов на одликувањето рече дека театарот е простор каде што можеме да ги вклучиме нашите сетила, и како ниту еден друг уметнички медиум нуди топлина, блискост и очовечување.
- Орденот за заслуги за Македонија се доделува на една од нашите најреномирани театарски и воопшто културни институции. Во изминатите седум децении на сцената на Драмскиот театар Скопје израснаа генерации и генерации кои учеа за етичкото и естетското, кои се спознаваа себеси и светот, го осознаваа и почитуваа животот. Тој процес не смее да запре, рече Иванов.
Ова е извонредна можност, продолжи Иванов, да им се заблагодариме на сите генерации членови на Драмскиот театар Скопје, кои во изминатите години на сцената и зад неа создаваа театарска магија која ги облагородуваше и исполнуваше посетителите на нивните претстави и изрази уверување дека Орденот ќе биде уште еден поттик за нови сценски подвизи, нови естетики и освојување нова публика.
Директорот на Драмски театар Скопје Роберт Вељановски рече дека претставува чест од рацете на таткото на нацијата, а во име на колективот на Националната установа Драмски театар Скопје да го прими ова големо признание.
- Една од најголемите театарски вистини е дека театарот единствено опстојува само од и за доделениот аплауз по завршувањето на претставата. Но, кога валоризацијата на вредноста и значењето доаѓа од името на највисоките државни органи, што значи дека Драмскиот театар Скопје вградил една исклучително значајна нишка во постоењето, развојот и растежот на нашата татковина, рече Вељановски.
Истакна дека од формирањето на Драмскиот театар Скопје досега се реализирани 130 премиери на домашни драмски текстови кои ги следеле над четири милиони гледачи.
Драмскиот театар Скопје започнува на 21 април 1946 година со првата куклена претстава „Силјан штркот“ работена според народна приказна. На 10 јануари 1958 година со првата жива претстава „Принцот и просјакот“ од Марк Твен и Сергеј Михалков се создава Младинско-детскиот театар. Во 1967 година театарот го добива името Драмски театар Скопје.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата