Орце Ѓорѓиевски - нов претседател на ЗЕЛС
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода е новиот претседател на ЗЕЛС, одлучи мнозинството на членови на Управниот одбор на ЗЕЛС на денешната седница. Ѓорѓиевски на местото претседател на ЗЕЛС доаѓа откако од оваа функција е разрешена градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.
-Потпретседателите на ЗЕЛС, Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир и Перо Костадинов, градоначалник на Општина Валандово, остануваат на истата позиција, а досегашната претседателка на ЗЕЛС, Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје продолжува со активностите во ова тело, како член на Управниот одбор. Всушност и според Статутот на ЗЕЛС, градоначалникот на Град Скопје по функција е член на Управниот одбор на ЗЕЛС, информираат денеска од ЗЕЛС.
![]()
На оваа седница, Управниот одбор донел и заклучок за упатување на итно барање до Владата на РСМ за одржување на заедничка средба на која главна тема на разговорот ќе биде изнаоѓање на соодветни решенија за предизвиците со кои се соочуваат единиците на локалната самоуправа, поврзани со енергетска криза. Било нагласено дека општините се доведени во колапс од високите сметки за електрична енергија и дека ваквата состојба најголемиот број на општини не би можеле да ја издржат ниту уште еден месец.
На 14 седница, Управниот одбор дискутирал и за предлог Меморандумот за соработка со Владата на РСМ, кој веќе една година беше на разгледување од централната власт.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
