Орбан: Потребна е европска одбранбена линија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека западноевропските лидери, кои наклонето гледаат на мигрантското прашање, треба да се обвинат за „многу сериозните терористички ризици“ и секојдневното влошување на безбедносната ситуација на континентот.
- Миграцијата треба да се запре, порача Орбан и повика на создавање „европска одбранбена линија“ на северните граници на Грција, за да се запре приливот на луѓе.
Орбан, кој во Будимпешта се сретна со својата полска колешка Беата Шидло, рече дека „мигрантскиот феномен насилно не упадна во Европа“, но дека мигрантите беа повикани во Западна Европа „неконтролирано и без безбедносни проверки“, пренесоа американските медиуми.
Шидло повика на засилување на јужните граници на европскиот Шенген, наведувајќи дека „мигрантското прашање мора да биде решено надвор од границите на ЕУ“.
Ново на Сител
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања
-
Таравари најави дека до петок ќе каже како ќе се решава проблемот со хируршките сали
-
Невреме во Тетовско
-
Вчерашното невреме зад себе остави пустош низ Скопје
-
Приватните автобуси возат низ Скопје
-
Самка Ибраимовски пријавен дека се заканувал на уставни судии, тој негира
-
Мицкоски го почна премиерскиот мандат
-
Герапетритис: Уставното име е за севкупна употреба