Орбан и Јанша очекуваат фер и демократски избори во Македонија
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Охрид имаше работна средба со премиерот на Унгарија и лидер на владејачката партија ФИДЕС Виктор Орбан и со поранешниот премиер на Словенија и претседател на најголемата Словенечка демократска партија.
Груевски по средбата истакна дека како лидери на сестрински партии на десницата во рамки на Европските народни партии ги информирал за недемократски тек на досегашната предизборна кампања проследена со, како што рече, нерегуларности, злоупотреби на владејачката гарнитура со што веќе била доведена во прашање регуларноста на престојните избори.
- Еден ден од објавувањето на листата градоначалници безмалку секој ден има кривична пријава против некој од нив. Тоа значи дека опонентите се свесни дека ќе ги загубат изборите, дека се исплашени заради тоа и дека во паника спасот го бараат во нефер и нерегуларни средства, рече Груевски.
Унгарскиот премиер Орбан рече дека нема намера да се меша во самиот изборен процес во Република Македонија, дека посакува фер и чесни избори, но оти како лидер на партија сестринска на ВМРО-ДПМНЕ будно ќе го следи предизбрниот процес и самиот нивен тек.
Тој предупреди дека според последните информации од НАТО, преку т.н. Балканска рута се очекува до 2020 година кон Европа да поминат 60 милиони луѓе од Африка и оттаму важноста на затварањето на тој мигрантски правец за целиот европски континент.
- За нас Македонија е важна држава, дел од Европа иако не е членка на ЕУ...Токму во таа насока на одбрана на Европа од мигрантите се гледа клучната улога на Македонија. Затоа го замолив Груевски, Македонија да стори се што е можно за да ја спречи таа преселба на народите. Доколку таа маса луѓе мине низ нашите територии, радикално ќе ги смени нашите животи и услови за живот, рече Орбан.
Поранешниот премиер на Словенија и лидер на Словенечката демократска партија Јанез Јанша во име на Клубот за проширување на ЕУ формиран пролетта во Будимпешта, изрази поддршка за зачленувањето на Македонија кон Унијата.
- Македонија под водство на Груевски исполни многу од критериумите за членство, која во речиси сите аспекти својата внатрешна и надворешна политика ја има уредено како полноправна членка на Унијата. Тука спаѓа и важното прашање на пошироката меѓународна безбедност, рече Јанша.
Тој истакна дека резултатите од престојните избори се мошне важни, изразувајќи уверувања дека нема да бидат регистрирани некакви појави на селективна правда или злоупотреба на правосудството, што негативно би се одразило на севкупниот имиџ на државата.
- Тука не сум да поддржам некоја од партиите, туку се работи на поддршка на демократијата, во чиј интерес е да не се злоупотребуваат процесите. Примерите каде се случувале неправилности не завршувале добро, рече Јанша.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека стратешка позиција на партијата и натаму ќе биде членство во ЕУ и НАТО, за што очекуваат поддршка на сите партнери од државите-членки и особено од Унгарија и Словенија.
Ново на Сител
-
Загина 59-годишен маж од Прилеп: Со возилото излетал од патот
-
Поранешниот Вардарец Абутовиќ ја заврши репрезентативната кариера
-
Кавадарчанка пријавила дека сограѓанин им го попречил патот со ,,југо" и им се заканувал со остар предмет
-
Ахмети - РОКАС: Само предвремени избори се излез од неизвесната политичка состојба
-
Песков не ја исклучи можноста Путин да разговара со Трамп пред неговата инаугурација
-
Македонскиот јазик во наставната програма на постдипломските студии на Факултетот за странски јазици во Тирана
-
Изгаснат пожарот во депото на „Македонски железници-Транспорт“, скопските пожарникари интервенирале и на друг поголем пожар
-
Спасен давеник кој паднал од чамец во Дојранско езеро