Општините и министерствата потрошиле над 2 милиони евра за адвокатски услуги во 2023
Во 2023 година, општините и Град Скопје потрошиле 67.269.053 денари (1,1 милион евра) за адвокатски услуги, додека, министерствата исплатиле 62.428.934 денари (1 милион евра), покажува истражувањето за исплатите за адвокатски услуги од буџетите на општините и министерствата што денеска го објави Центарот за граѓански комуникации.
Според истражувањето, општините користат различни критериуми за избор на адвокати, вклучувајќи углед, искуство, достапност и препораки.
Истражувањето, исто така, покажа дека 72 од 81 општина ангажирале адвокати, а една четвртина од нив исплаќаат месечен паушал.
Од општините, Град Скопје и Гази Баба предничат во исплатените суми за адвокати, додека кај министерствата тоа се Министерство за финансии (за функции на државата), потоа правда и труд.
Најмногу пари му се исплатени на адвокат Влатко Ристовски, кому Општина Гази Баба му исплатила над 6 милиони денари во 2023 година.
Според истражувањето, општините и министерствата немаат пишани внатрешни правила за ангажирање адвокати, а набавката на адвокатски услуги е исклучена од Законот за јавни набавки.
Ново на Сител
-
Магазинот „Тајм“ го избра Трамп за личност на годината
-
Во израелски напади во Појасот Газа загинале 38 лица
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Кривична пријава против три физички и две правни лица, го оштетиле државниот буџет за 5,768,612 денари
-
Папата Франциск во пораката за Светскиот ден на мирот повика на простување на долговите и на помирување
-
Андоновски: Фокусот не треба да биде на забрана на апликациите, туку на едукација на децата и родителите
-
Брисел воведува нова рамка за собирање и доставување информации за авиопатниците што влегуваат во ЕУ
-
„Гугл“ ја засили борбата против злонамерни мрежни следачи