Општина Вевчани со нов и проширен ГУП
Изградба на викенд населби, туристички капацитети, објекти за месна индустрија и обиколници се дел од новиот и проширен Генерален урбанистички план на општина Вевчани.
ГУП-от, според градоначалникот Цветомир Угриноски, опфаќа и уредување на центарот на Вевчани, изградба на плоштад на три нивоа и хотели, односно се што е потребно за една модерна населба.
- Новиот ГУП беше на увид на граѓаните помина без некои поголеми забелешки. Од 2009 немавме ГУП, тој што го имале тогаш завршил, а сега донесовме нов проширен. Опфативме поголем простор, каде се предвидени објекти за месна индустрија, викенд населби, туристички места, обиколници, патот до манастирот „Свети Спас“. Влезе се што е потребно за една модерна населба, изјави Угриноски.
Тој истакна дека во тек е изработката на проект за изградба на плоштадот на три нивоа, кој ќе има доволно простор за решавање на проблемот со паркингот.
- Пред општинската зграда предвидено е да се изгради ресторан - воденица, кој ќе биде во сопственост на општината и ќе се издава на концесионер да работи со него. Плоштадот ќе биде изработен од природен материјал, каде ќе проаѓа еден јаз вода, ќе има и такви објекти во стил на воденици. Ќе го вратиме вистинскиот лик на Вевчани, рече Угриноски.
Со изградбата на обиколницата, нагласи тој, ќе се растерети сообраќајот од центарот, а туристичките капацитети ќе го решат проблемот со сместување што ќе овозможи поголем број туристи да можат да го поминат својот одмор во Вевчани.
Ново на Сител
-
Протест во Анкара поради апсењето на градоначалникот на Истанбул
-
Истрага против три лица за трговија со пет килограми марихуана
-
Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
-
„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад
-
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров
-
Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола
-
Српскиот патријарх одржа молитва за жртвите во Кочани
-
Трамп им ја укина државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон