Општина Велес втора по транспарентност во 2016 година

На последното истражување на Центарот за граѓански комуникации од Скопје, меѓу 81 општина, Град Скопје и 15 министерства, Општина Велес е на второто место на рангирање на генералната скала за транспарентност, зад Крива Паланка.
Велешкиот градоначалник Славчо Чадиев денеска на прес-конференција рече дека истражувањето покажало дека според индексот на активна транспарентност во 2016 година, Општина Велес во 83,6 проценти ги извршувала своите обврски кои ги имала во областа на транспарентност, со што ја добила оценката многу добро.
- Транспарентноста секогаш била една од главните карактеристики на Општина Велес. За тоа дека работиме посветено на ова поле, доказ е последното истражување на Центарот за граѓански комуникации од Скопје, истакна Чадиев.
Велес е најтранспарентна општина ако се земат предвид општините само во Вардарскиот плански регион. Останатите општини во овој регион имаат просечна оценка од 39,1.
- Токму овие бројки се доказ дека Општина Велес е многу над просекот и во врвот на транспарентноста во Македонија. Сепак, овие резултати не значат дека ние нема да се подобруваме, туку напротив, во иднина ќе работиме на задржување на вака високото ниво на транспарентност, па дури и негово подобрување, додаде Чадиев.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
