Општина Василево потпиша договор за изградба на мостот на Сушевски порој
Градоначалникот на општина Василево Ванчо Стојанов, вчера потпиша договор со кој, Бирото за регионален развој на општината ќе и додели вкупно 1.103.949 денари за изградба на мост на Сушевски порој. Парите се обезбедени по претходен јавен повик за проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби и за развој на селата за 2016 година.
- Обврската за распишување на тендерот и изборот на фирма изведувач на градежните активности е на општина Василево. Веќе во текот на наредната недела ќе биде објавен јавниот повик. Мостот ќе биде изграден во горниот дел од селото, со што ќе се овозможи целосно поврзување на жителите од Сушево од едната и од другата страна на поројот, рече градоначалникот Стојанов.
Додаде дека активностите се одвиваат според планираната динамика.
- Повеќе од 50 отсто од работите за изградба на поројот се завршени, истовремено се работи и на улицата која е покрај самиот порој, па со изградбата на мостот Сушево ќе добие комплетно нов лик и целосно подобрени услови, изјави Стојанов кој смета дека сите овие активности целосно ќе бидат завршени до втората половина на месец септември, односно до Мала Богородица, празникот на селото.
Ново на Сител
-
Во Берово најстудено со - 5, Охрид, Виница и Гевгелија измерени 4 степени
-
Трамп: Испишавме историја
-
САД/Избори: На Трамп му требаат уште четири електорски гласови за да победи на претседателските избори
-
Вучиќ: Полицијата покажа воздржаност во Нови Сад, секој насилник ќе биде уапсен
-
Претставен паметниот телефон „Уанплус 13“
-
Ѓоковиќ се повлече од завршниот АТП турнир поради повреда
-
Седница на Судски совет, на дневен ред избор на судии и претседатели на судови
-
Седници на две собраниски комисии