Општина Штип објави конкурс на тема „Европа во нашите соништа“

Општина Штип во соработка со партнерските градови од проектот „Обновена Европа“, објави конкурс на тема „Европа во нашите соништа“ во три категории: Есеј, цртеж и фотографија. Конкурсот е отворен до 31 октомври 2019 година.
Координаторот на проектот од Општина Штип, Драган Ристов на денешната прес-конференција информираше дека натпреварот е во три категории на учесници, помеѓу 7 и 13 години, 14 и 20 години и 21 до 29 години.
За секој од категориите постојат правила на конкурсот кои се објавени на веб страницата на Oпштина Штип и на профилите на социјалните мрежи на општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ и Општина Штип.
– Секоја од земјите учеснички во проектот ќе избере по три дела во секоја категорија по завршување на конурсот и заеднички со останатите победници од другите земји, на средбата во Романија која ќе се одржи од 13 до 15 ноември, меѓународна жири комисија ќе ги избере најдобрите три дела во секоја од споменатите категории. На средбата во Романија ќе бидат избрани победниците, а една од наградите е и посета на друга земја, освен за категроијата од 7 до 13 години, вели Ристов.
Конкурсот е дел од меѓународниот проект „Обновена Европа“ кој го спроведуваат седум градови од седум европски градови, кои ја формираа иницијативата „Обединети градови“. Проектот започна во април минатата година, во Општина Аксаково во Бугарија, која е носител на истиот. Во „Обединети градови„ освен Штип и Аксаково, членуваат и Сетубал од Португалија, Нугеду Санта Виториа од Италија, Викторија од Романија, Озаров Мазовјецки од Полска и Монтсерат од Шпанија.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
