Општина Штип апелира да не се пали оган на отворено
Во источниот регион деновиве изгореа околу 220 хектари борова и дабова шума. Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов на денешната прес-конференција истакна дека поради сушниот период, палењето на стрништата во штипскиот регион се случија неколку пожари, меѓу кои и кај воениот полигон Пенуш, каде што изгореа 50 хектари дабова шума и ниска трева.
- Поголемиот дел од пожарите според вработените во нашата Територијална противпожарна единица се подметнати од несовесни граѓани, а дел се резултат и на невнимателност, а за да можеме успешно да ги превенираме пожарите и да спречиме поголеми последици апелираме до граѓаните да внимаваат на отворено, вели Ристов.
Тој додава дека во текот на наредниот период престојат празници, кога граѓаните излегуваат на излети во природа и ги палат скарите. Затоа се надева дека граѓаните ќе го сфатат апелот добронамерно и заеднички ќе помогнат оваа пролет и лето да има помалку пожари на отворено.
Ново на Сител
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска