Македонија
22. March 2020 - 13:12

Општина Ресен забрани посета на туристички места

Општина Ресен одлучи да забрани движење и престој на туристичко-излетничките места на своето подрачје.

Според градоначлникот Живко Гошаревски, во Преспа има многу атрактивни места за посети и излети, но сега не е време да се биде надвор, туку дома.

-Забранети се сите туристички и излетнички места зашто несовесни граѓани недоволно ги почитуваат владините и општинските мерки за заштита од КОВИД-19. Викенд-проштетките низ Преспа за туристи и излетници се одложуваат за подобри времиња, рече Гошаревски