-->
-->
Општина Пехчево со реакција во врска со масовната појава на труење животни
-->
Откако вчера граѓани реагираа за појавата на масовно труење животни, Општина Пехчево денеска излезе со официјално соопштение во кое апелира до несовесните граѓани да запре труењето на кучињата и мачките скитници, најмногу поради фактот што поставувањето отровни мамки претставува голема опасност за децата, граѓаните и домашните миленици.
-Деновиве сме сведоци на расфрлани отрови на одреден реон со што е извршено свирепо труење на животни, а индиректно загрозени се и многу дечиња. Апелираме, ова да запре веднаш. Општина Пехчево, досега ги има превземено сите законски мерки кои и стојат на располагање за решавање на проблемот со кучињата бездомници. Спроведена е јавна набавка за ангажирање на шинтерска служба, со цел обезбедување на хуман третман на животните и безбедно секојдневие на граѓаните, се вели во соопштението од општината.
Од општината дополнуваат дека согласно Законот за заштита и благосостојба на животните е склучен договор за собирање, згрижување и стручен третман на кучиња скитници со АД Ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков“ од Куманово која заловените кучиња од Пехчево ги транспортира во прифатилиште во Куманово и таму ги спроведува сите постапки предвидени со законот.
-Во име на поефективно решавање на проблемот, ги повикуваме останатите институции кои се надлежни при законските прекршувања, да ги преземат сите расположливи законски средства и во најбрз рок да го откријат сторителот на расфрлањето на отровот и со истите да се постапи согласно позитивните законски прописи на државата, дополнуваат од општина Пехчево.
Комуналната инспекција на општина Пехчево информираше дека постојано е на терен и патролира по зелените површини, како и на локациите каде е забележана ваква појава, додека од полициската станица известија дека во тек е потрага по извршителите на грозоморниот чин. Отровот со кој деновиве се трујат животни во Пехчево е опасен и по животот и здравјето на граѓаните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палчо: На денот на убиството на Вања бев во банка
-
Власта го одби синдикалниот предлог за 500 евра минималец
-
Обезбеден грант од 2,4 милиони евра за изградба на железнички премин помеѓу Македонија и Србија
-
Дали трудовите инспектори работат на црно - СДСМ обвинува, Дурмиши негира
-
Мицкоски за закани од Ахмети: ДУИ повторно прави упад во правосудниот систем
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Државата нема да ги покрива придонесите за поголем минималец