Општина Куманово ќе почне со дистрибуција на решенија за присилна наплата на даноци
Секторот за даноци и такси од Општина Куманово ги информира даночните обврзници, граѓаните навреме да си ги платат данокот на имот, а правните субјекти и данокот на имот и фирмарината, информираа денеска одговорните од секторот.
Оттаму додаваат дека во наредниот период ќе почне дистрибуцијата на решенија за присилна наплата на данокот на имот на физички и правни лица и фирмарина.
-Ги информираме даночните
Решенијата за присилна наплата на фирмарина, односно назив за деловна просторија веќе се пристигнат
–Доколку даночните обврзници кои се опоменати или на кои им е испратено решение за присилна наплата во меѓувреме го имаат платено долгот треба да се обратат во просториите на Општина Куманово, Сектор за даноци и такси со доказ за уплата на долгот, повика Стојановски.
Даночните обврзници кои немаат добиено решение за данок на имот или кои ќе констатираат несовпаѓање на наведената состојба во решението со фактичката состојба имаат обврска со соодветнтаа документација да се обратат во Општина Куманово, Сектор за даноци и такси, административна здрада на поранешен АД Козјак, наспроти Градскиот стадион, канцеларија број 3 и 10.
–Даноците и таксите се примарни приходи од кои се полни општинскиот буџет, основни приходи, од кои потоа се прават улици, сообраќајници, инфраструктура, градинки, школи, културни и спортски манифестации. Да си ги платиме давачките, тоа е наша законска обврска за да можеме сите заедно да ја градиме општината, вели Стојановски.
Ново на Сител
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ