-->
-->
Општина Кривогаштани испрати помош за настраданите во Скопје
-->
Општина Кривогаштани денеска испрати возило со цистерна, две пумпи за црпење вода и тројца луѓе од Територијалната противпожарна единица Кривогаштани и од Јавното претпријатие „Пелагонија“ како помош за настраданите населени места од поплавите во Скопје.
- Доколку има потреба општината и ЈКП „Пелагонија“ се подготвени да испратат дополнителни ресурси, како во опрема така и во луѓе, согласно можностите и потребите. Утре од 9 часот пред Територијалната противпожарна единица Кривогаштани ќе биде отворен пункт за донација, каде сите граѓани ќе можат да донираат за настраданите од Скопско, изјави градоначалникот на Кривогаштани Тони Заткоски.
Тој ги повика сите жители на општината да донираат според своите можности.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција
-
Јавниот превоз во Скопје денеска по неделен возен ред
-
На првиот ден од мај променливо облачно и топло, попладне локален дожд