-->
-->
Општина Крива Паланка распиша конкурс за најубаво украсен објект
-->
Општина Крива Паланка распиша конкурс за избор на најубаво украсени новогодишни објекти. Конкурсот предвидува награди во две категории – за
најубаво украсен деловен објект- осветлен излог и најубаво украсен станбен објект.
– Предлозите од страна на граѓаните за пријава според предвидените категории можат да се достават во писмена форма до општинскиот услужен центар-архива на општина Крива Паланка или во електронска форма на opkp@krivapalanka.gov.mk најдоцна до 8 јануари 2019 година.Предлозите треба да бидат означени со назнака „За конкурс за избор на најубаво празнично новогодишно и божиќно украсување 2019″. По доставените предлози посебна комисија на 9 јануари ќе изврши обиколка на предложените објекти и ќе направи фото и видео запис од истите, по што од 10 до 17 јануари материјалите ќе бидат поставени на општинската веб-страница и граѓаните ќе можат да гласаат и да учествуваат во изборот на најдобрите, информира службата за комуникација со јавност на општина Крива Паланка.
Оттаму посочуваат дека гласот на граѓаните ќе биде еднаков со оној на комисијата, а награда ќе добијат прворангираните објекти во двете категории. Резултатите ќе бидат објавени најдоцна до 25 јануари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња