Општина Кочани: Стартуваат градежните работи на Колекторскиот систем

Општина Кочани ги привршува подготвителните работи за почеток на реализација на проектот за филтер станицата за отпадни води, која според студијата ќе се гради кај селото Мојанци, кочанско.
Овој капитален проект го финансира Владата на Швајцарија, преку Агенцијата за развој и соработката, со вкупна донација од 21 милион франци, плус два милиони кои ги обезбедува Владата на Република Македонија.
- Подготвителните активности за почеток на проектот за изградба на колекторот и станицата за прочистување на отпадни води веќе се завршени. Деновиве треба да стартуваат градежните работи, со што ќе се овоможи современ третман на фекалната и друга канализациска одпадна вода како од градот така и од неколку населени места во рамките на општина Кочани,истакнуваат од општина Кочани.
На последниот состанок на Управниот одбор преставници на донаторите и локалните партнери, искажаа задоволството од темпото со кое проектот напредува во неговата реализација.
Проектот предвидува изградба на станицата за прочистување на отпадните води заедно со колекторски систем и придружната опрема, како и комплексен Проект за управување со сливот на Брегалница што го подржува Швајцарската влада.
Со подржшка на Швајцарската влада помали вакви објекти е најавено да се градат и во општините Чешиново – Облешево, Карбинци и Берово.
Ново на Сител
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
