Општина Кисела Вода ќе субвенционира набавка на огревно дрво
Субвенции за набавка на огревно дрво обезбедува Општина Кисела Вода за своите жители. Во подготовка е јавен повик, на кој ќе можат да аплицираат сите оние кои набавиле ваков енергенс за загревање од април годинава, се до моментот на објавата на повикот. По 500 денари за еден кубен метар огревно дрво ќе се исплаќа на апликантите, кои пак ќе треба да достават доказ за купената количина дрво. Исплатата ќе се врши по принципот прв дојден, прв услужен, се до исцрпување на средствата, обезбедени од Буџетот на општината во висина од 1.200.000,00 денари.
Ова е само уште една од сетот мерки за поддршка на граѓаните кои Општина Кисела Вода ги презема пред почетокот на грејната сезона во услови на големи зголемувања на трошоците за живеење, а посебно на енергенсите. Минатата недела статуваше проектот “Грижа и сигурност за секое дете”, кој содржи социјални мерки за финасиска поддршка на социјано загрозените и еднородителските семејства: ослободување од партиципација за трошоците за згрижување во јавните детски градинки, субвенционирање на дел од цената за месечниот оброк за ученици од прво до трето одделение во основните општински училишта, како и бесплатни курсеви за странски јазици, информатика и спорт за дечињата од социјален ризик.
Претходно, Општина Кисела Вода обезбеди донација за субвенционирање на сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, го реализираше проектот “Ранче за секое прваче” со кој се обезбедија чанта, тетратки и училишен прибор за сите првоодделенци, а минатата седмица беа исплатени и субвенции за печки на пелети.
Грижата за граѓаните и преземањето на мерки за ублажување на сиромаштијата со која секојдневно се соочуваат се поголем број на семејства, останува да биде во фокусот на Општина Кисела Вода, со цел заеднички да се надмине овој тежок период.
Општина Кисела Вода
Ново на Сител
-

Вашингтон воведува нови царински маржи за 60 држави, реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд
-

Украински напад врз магацин во Санкт Петерсбург, предизвикан голем пожар
-

САД и ноќеска извршија напади врз цели во Иран, Техеран соопшти за експлозии во повеќе региони
-

Почна трката за генерален секретар на ОН, шест кандидати дебатираа пред Генералното собрание
-

Арагчи: Опасен преседан најавите на Трамп за користење запленети ирански средства
-

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
