-->
-->
Општина Илинден донира брзи ковид тестови во училиштата
-->
Општина Илинден донира брзи тестови за утврдување на Ковид-19 во трите основни училишта и средното општинско стручно училиште „Илинден”.
Од општината сметаат дека со донацијата на тестовите за брза детекција се овозможува ефикасно спречување на ширење на инфекцијата во училиштата, каде наставата се одвива со физичко присуство на учениците.
-Континуираното следење на состојбата со Ковид-19 и брзото дијагностицирање во училиштата, е од голема важност, со цел преземање на навремени и соодветни мерки за спречување на ширење на заразата меѓу учениците и вработените во училиштата, стои во соопштението.
Повикуваат на одговорно однесување, одржување дистанца како и редовно одржување на хигиената.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата