Општина Гостивар и денеска ќе прима геодетски елаборати за легализација на дивоградби
Администрацијата на општина Гостивар ќе работи и денеска за да им овозможи на граѓаните да ги достават геодетските елаборати за легализација на бесправно изградени објекти. Приемот на елаборатите ќе трае до вечер, до 20 часот, информираат од општина Гостивар.
- Бидејќи законски предвидениот рок за доставување геодетски елаборати за легализација на бесправно изградени објекти истекува на 31 декември 2016 година, општина Гостивар донесе одлука администрацијата да работи и во сабота за да им се излезе во пресрет на сите граѓани кои аплицирале за легализација на нивните објекти во првиот рок од 2011 година, се наведува во соопштението на локалната самоуправа.
Од општината потсетуваат дека по истекот на рокот, според Законот за легализација на бесправно изградени објекти, постапката ќе се запре и граѓаните ќе го изгубат правото на легализација на нивните објекти.
Според Законот за легализација на бесправно изградените објекти во Република Македонија, сите граѓани кои аплицираа во првиот рок во 2011 година се должни да ја комплетираат документацијата со геодетски елаборати до 31 декември 2016 година.
Во првиот рок за легализирање беа поднесени 8.641 барања од кои повеќе од половината се процесуирани и граѓаните имаат добиено правосилни решенија. По продоложувањето на рокот, поднесени се уште 4.027 барања за легализација на бесправно изградени објекти.
Ново на Сител
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал
-
Денеска и утре нестабилно со пороен дожд
-
Почина 32-годишник, излетал од патот со автомобил
-
Општина Карпош демантира дека издала одобрение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“
-
ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60.090 денари
-
Уапсени седум педофили во Србија, во становите пронајден детски порнографски материјал
-
Русија ги обвини САД дека сакаат да распоредат оружје во вселената
-
ОЈО отвори истрага против врховниот судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Мемети