Општина Гевгелија создаде услови за реализација на приоритетните активности во 2019 година
Со раздолжувањето кон доверителите создадовме услови годинава општина Гевгелија да биде фискално стабилна и солвентна за да може да ги извршува сите свои функции и надлежности, порача градоначалникот Сашо Поцков кој денеска ги најави и приоритетните активности во оваа година од кои некои веќе се во фаза на реализација.
Поцков посочи дека заедно со менаџерите на германската КФВ банка привршуваат со дефинирање на проектите чија реализација ќе почне кон крајот на идниот месец со доделениот грант од 2,5 милиони евра.
-Засега е сигурно дека дел од средствата ќе бидат наменети за изградба на водоводна линија од новите бунари кај Мрзенци до Негорци и Прдејци што е посебно значајно бидејќи со овој зафат ќе создадеме предуслови и за комунално инфраструктурно уредување на ТИРЗ „Прдејци“, вели градоначалникот.
Покрај ова, посочи Поцков, приоритет е даден и на санацијата на водоводната линија до граничниот премин „Богородица“ и истоименото населено место како и на инсталирање на примарната и секундарна мрежа за атмосферска канализација во јужниот дел од градот, поточно на потегот од поранешната касарна до железничката пруга.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување