Општина Гевгелија превентивно ќе прска против комарци
Општина Гевгелија прв пат во овој период од годината превентивно ќе прска за заштита од комарци. Службата за односи со јавноста денеска соопшти дека се работи за ларвиоцитно теренско прскање со цел да се уништат комарците во фаза на оплодување.
Според утврдените гнезда и локации, со прскањето ќе бидат опфатени три хектари површина на територијата на општина Гевгелија и на тој начин превентивно ќе се дејствува особено сега, кога поради врнежливото и топло време, се очекува и зголемена наезда на комарци.
Од општината соопштија дека превентивното прскање против комарци ќе се изврши најдоцна до крајот на овој месец и оти општината и годинава ќе биде вклучена во авионското запрашување против комарци со останатите десет општини од Југоисточниот плански регион.
Ново на Сител
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа