Општина Гевгелија ќе финансира 56 проекти од областа на културата и спортот
Општина Гевгелија во 2016 година ќе издвои 13 милиони денари буџетски средства за финансиска подршка на 56 проекти и настани од областа на културата и спортот кои аплицираа на јавниот конкурс, одлучија денеска општинските советници.
Од областа на културата, финансиски ќе бидат подржани 33 проекти за чија што реализација се предвидени 4 милиони денари од општинкиот буџет, а покрај активностите на културно-уметничките друштва, наменски средства ќе добијат и традиционалните културни манифестации како што се Меѓународниот натпревар за млади пијанисти, Смоквијадата, прославата на заштитникот на градот „Спасовден“, детскиот музички фестивал „Калинка“ и други настани.
За финансиска подршка на спортот и спортските активности во општинскиот буџет се предвидени 9 милиони денари кои ќе бидат поделени на 23 спортски клубови и здруженија кои аплицирале на конкурсот. Најголема финансиска помош ќе добијат кошаркарските прволигаши „Кожуф“ и „Бест“, но финансиски ќе бидат подржани и останатите спортски клубови и друштва,како и организациите на неколку кошаркарски и фудбалски турнири.
Годинава дел од општинските пари ќе добијат и Сојузот на училишни клубови и спортските клубови од основните училишта и гевгелиската гимназија.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба