Општина Гевгелија ги определи зоните и организаторот на зонското паркирање
Советот на Општина Гевгелија на седница ги определи трите зони за паркирање возила во Гевгелија со цел да се стави ред во сообраќајот особено во централното градско подрачје.
– Првата, црвена зона А, е ограничувачка и треба да влијае дестимулирачки кај возачите за долготрајно паркирање во центарот на градот, поточно на определените пет улици без паркинг-просторите кај гимназијата и зад Стопанска банка, рече проектантот Миле Стојменов.
Втората, жолта зона Б, се состои од улиците кои крстосуваат со сообраќајниците од центарот на градот и јавните површини за паркирање кај библиотеката и спортската сала. Во оваа зона, појасни Стојменов, паркирањето ќе се наплаќа, но нема да биде временски ограничено.
Третата, зелена зона, ги опфаќа преостанатите улици кои обезбедуваат пристап до централните градски улици во Гевгелија.
Одлучено е зонското паркирање да го организира ЈПКД „Комуналец“, кое ќе ги одреди и цените кои, исто така, ќе се стават на усвојување од страна на општинските советници.
Ново на Сител
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин
-
ДКСК: Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско
-
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем
-
Пет закони ќе се менуваат за квалитетно да профункционира „Безбеден град“
-
Просечната нето-плата во декември 43 587 денари
-
Тошковски: Јасен е ставот на Владата за разрешувањето на Коцевски