Општина Гази Баба доделува субвенции за инвертер клима уреди
Општина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди.
За јавниот повик, информираше градоначалникот на општина Гази Баба на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
„Објавен е јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди!
Почитувани граѓани,
Ве информирам дека е објавен јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гази Баба за набавка на инвертер клима уреди.
Предмет на јавниот повик е надоместување до 50% од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди, но не повеќе од 30.000,00 денари.
Средствата се обезбедени согласно Програмата за заштита на животната средина и природата на Општина Гази Баба за 2024 година.
Ќе бидат надоместувани дел од трошоците за купување на високоефикасни инвертер клима уреди за 2024 година од денот на објавување на овој јавен повик.
Јавниот повик ќе трае од денот на објавувањето до 30.11.2024 година, односно се до исцрпување на финансиски средства.
Ги повикувам граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат“. - напиша Стефковски.
Ново на Сител
-
Позитивни финансиски резултати на Алкалоид
-
Од моден дизајнер до државен првак во бодибилдинг | Катерина Попева | Sitel Podcast 083
-
Зеленски до Трамп: Само сакам да знам што ќе биде со Украина
-
Kривична против десет припадници на затворска полиција во затвор „Скопје“
-
Јаневска: Јавната расправа за концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не дава плод
-
Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот
-
Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево
-
Рубио: САД нема да дозволат Русија да стане „помлад партнер“ на Кина