Општина Делчево ја усвои програмата за изградба на улици и патишта за 2017 година

Советот на oпштина Делчево ја усвои програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување и заштита на општинските патишта и улици во Делчево за 2017 година.
Советникот за уредување на градежно земјиште при општина Делчево Ѕвонко Атанасовски, истакна дека програмата предвидува изградба на неколку патни правци, кои треба да ја подобрат локалната инфарструктура и сообраќајна комуникација.
- Во програмата е предвидена реконструкција на дел од општинскиот пат Делчево до селата Очипала, Драмче и Вратиславци. Потоа се планира изградба на отклонот од патот М5 за селата Илиово и Турија, довршување на општинскиот пат Габрово-Ѕвегор-Стамер-Град-
Во делот за реконструкција на улици и патишта предвидена е изградба на улици во населбата Ѕвегорска Река и повеќе улици и тротоари во градот Делчево.
- Планирана е изградба на улиците „Светозар Марковиќ“, „Питу Гули“, „Маршал Тито“, „Вера Јоциќ“, „Скопска“ „Орце Николов“, „Маршал Тито“ и уште десетина пристапни улици, тротоари низ градот, како и изградба на улици во селата Ѕвегор, Габрово, Разловци, Град, Стамер, Вирче, рече Атанасовски.
Вкупниот буџет за изградба на улици и патишта за 2017 година изнесува околу 40 милиони денари од кои 4,1 милион денари од основниот буџет се планира за изградба на улици, 7,6 милиони денари од донации и 26 милиони денари за реконструкција на улици.
Ново на Сител
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
