-->
-->
Општина Делчево ги избра најубаво украсените дворови
-->

Дворот на Сања Атанасова од населбата Расадник и дворот на детската градинка „Весели цветови“ се најубавите дворови во Делчево. Ова го одлучи Комисијата составена од стручни лица кои изминатиов период ги посетија вкупно 15 дворови кои беа пријавени на јавниот конкурс објавен од Општина Делчево.
Татијана Стојковска, член на Комисијата, истакна дека сите пријавени дворови се убави на свој начин и дека комисијата имала тешка задача за донесување одлука кој од пријавените дворови да се награди.
- Одлучивме да ја наградиме креативноста на нашата сограѓанка Сања и со тоа да ги поттикнеме сите наши сограѓани да продолжат со оваа благородна работа, да си создадат свое катче во дворот кое не само што ќе биде нивни украс и украс на градот, туку ќе придонесат за убав тренд во Делчево. Дворот на Сања импресионираше со пропратните елементи кои со помош на нејзината сестра и со свои раце ги сработиле, како што е фонтаната со езерцето, потоа тука е летниковецот, тревникот, дворот не е голем, со еден збор сѐ е на свое место и ова е доказ дека со идеја и малку средства може многу да се направи, истакна Стојковска.
Општина Делчево на сопствениците на двата најубави дворови ќе додели награда во паричен износ од 10 илјади денари, а сите учесници на конкурост ќе добијат соодветни благодарници за учеството и за нивниот труд.
Наградите ќе се доделат на свечената седница на Совет по повод 7 септември - Денот на ослободувањето на Делчево. Општина Делчево најавува дека со поддршка на градоначалникот Горан Трајковски ,оваа акција за избор на најубаво уреден двор кој се спроведува во рамките на кампањата „Да ја поддржиме приказната на Делчево“ ќе прерасне во традиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
-

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
