Општина Дебрца го санира фудбалското игралиште на „Сатеска“ во селото Волино

Општина Дебрца со сопствени финансиски средства во износ од милион и 484.286 денари го санира и реконструира игралиштето за голем фудбал во Волино на кое се натпреварува екипата „Сатеска“.
Според градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски, во рамки од проектот ќе се изврши санација и реконструкција на соблекувалните и простории за судии и делегати, изградба на кабини за резервни играчи, судии и делегати, изградба на метална трибина за гледачите, изградба на систем за наводнување за фудбалското игралиште и санација на постоечката ограда на игралиштето.
- Искрено се надевам дека токму од ова фудбалско игралиште ќе произлезат новите фудбалски ѕвезди, кои ќе претставуваат не само гордост на општината, туку и на цела Македонија, вели Трајкоски.
Екипата „Сатеска“ што го користи теренот во Волино се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига – „југо-западен“ регион.
Ново на Сител
-

Техеран: Ормуската Теснина е целосно под контрола на Иран
-

Во вторник во Вашингтон почнуваат преговорите меѓу Израел и Либан
-

Од вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Приведен 22-годишник откако физички, со дрвен предмет ја нападнал невенчаната сопруга
-

Ѓорѓиевски: Воскресението е темелот врз кој се гради нашата вера, нашата иднина, моменти кога треба да се обединиме како народ
-

Воскресна богослужба - Второ Христово воскресение во Соброрниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Со закана со нож украле пари од малолетници во Градски парк, приведени четворица разбојници
-

Приведени двајца крадци, одзеле личен накит од скопјанка
