Општина Дебрца го најави проектот „Сини вирој“ за развој на руралниот туризам

Општина Дебрца ја обезбеди потребната техничка документација за реализација на проектот „Сини вирој“, зафат осмислен како активност за развој на руралниот туризам во општината.
Станува збор за техничка документација за локалитетот „Сини Вирој“ што предвидува изградба на локален пат за негово поврзување со селата Белчишта и Ново Село во должина од пет километри, потоа изградба на паркинг простори за автомобили и автобуси, изградба на пешачка патека од природни материјали во должина од еден километар, како и изградба на четири видиковци од природни материјали камен и дрво.
Градоначалникот на Дебрца Игор Трајковски појасни дека со обезбедувањето на техничката документација Општината ќе има можност со подготвен проект да аплицира на европските фондови за финансиски средства за негова реализација, во насока на развојот на руралниот туризам во општината.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
