Општина Чаир се збратимува со американскиот град Стаунтон
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу објави дека општината се збратимува со американскиот град Стаунтон во државата Вирџинија.
На посебна седница на Собранието на Стаунтон организирана во чест на посетата на градоначалникот Ганиу, усвоена е резолуција за официјално започнување на соработката на двете општини.
– Делегацијата која ја предводеше градоначалникот на Општина Чаир го одбра градот Стаунтон бидејќи тоа е родното место на претседателот Woodrow Wilson, еден од најзначајните личности на американската политика кој се бореше за правата на помалите држави на Балканот, се вели во соопштението од општина Чаир.
Оттаму информираат дека делегација на Стаунтон на 21 овој месец ќе ја посети општина Чаир и ќе биде поставена статуа на претседателот Вилсон во знак на благодарност и почит кон неговата личност и дело.
Ново на Сител
-
Бројот на болни од Ковид-19 во Англија во февруари паднал за две третини
-
Запленета марихуана кај село Радожда, струшко
-
За 56,4 отсто зголемен бројот на нови случаи со Ковид-19, најмногу се од Скопје
-
Американскиот Конгрес откажа седница по предупредување за можен планиран напад
-
Ерупција на вулканот Пакаја во Гватемала
-
245 санкционирани возачи во Скопје, 39 за брзо возење, 35 без возачка
-
Струмичкиот карневал и годинава без големи манифестации
-
ВМРО-ДПМНЕ: Државава ја нема на листите на кои се гледа која земја колку вакцини има