Општина Центар распиша јавен повик за лични асистенти за 25 ученици со посебни образовни потреби
Општина Центар во рамки на проектот „Образование за сите“ и во учебната 2024/25 година ќе ангажира 25 лични асистенти за поддршка на учениците со посебни образовни потреби и индиректно на нивните семејства.
Во таа насока, велат од Општина Центар, распишан е јавен повик за работно ангажирање на невработени лица кои во период од девет месеци, колку што трае учебната година, ќе бидат по 4 часа со таргетираните ученици и ќе им го олеснат следењето на наставата.
-Личните асистенти треба да ги реализираат следниве активности: да им помагаат на учениците при движење низ училишните простории, при користење дидактички материјал во текот на наставата, при извршување на училишните обврски и да им помогнат во олеснување на комуникацијата со наставниците и со соучениците, информираат од Општината.
За личните асистенти, пак, ангажманот ќе придонесе за подобрување на нивната работна способност и вештини што ќе им овозможат да ја зголемат својата конкурентност на пазарот на трудот.
Општина Центар целосно самостојно го финансира проектот „Образование за сите“ веќе петта година по ред во рамки на Програмата за образование. За учебната 2024/25 предвиден е буџет во износ од 3.500.000 денари, кој ги покрива трошоците за 25 лични асистенти.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!