Општина Битола усвои програма за спроведување превентивна дератизација

Советот на општина Битола ја усвои програмата за спроведување на превентивна систематска дератизација на канализацискиот систем, јавната депонија Мегленци, дивите депонии и ѓубришта во општината за 2016 година.
Како што информираат од општината, целта на превентивната систематска дератизација е заштита на луѓето и животните од болести чии вектори се глодарите, одржување на хигиено-епидемиолошката состојба и создавање на пријатна и еколошки чиста животна средина.
Превентивната систематска дератизација ќе се врши во подземниот канализациски систем со ревизионите и прифатните канализациски шахти, канализациски систем на објекти од посебен јавен интерес, дератизација на јавната депонија „Мегленци” која е е нотирана како објект со висок епидемиолошки ризик, потенционално жариште и извор на инфестација на градот со глодари и дивите депонии и ѓубришта во градот, како и дератизација на јавни површини, отворени водотоци, каналски систем во населените места Горно и Долно Оризари, Кравари и Логоварди, информираат од општина Битола.
Програмата ќе ја реализира ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола, како јавна здравствена установа која во својата дејност го има следењето и контролата на хигиено-епидемиолошката состојба во регионот, како и контрола и спречување на појава и ширење на заразни заболувања.
Пролетната и есенската дератизација ќе се вршат на подземниот канализациски систем во реони на градот каде степенот на инфестираност на градежните објекти изнесува повеќе од 30 насто или 2.150 шахти, дератизација на подземниот канализациски систем во урбани реони на градот каде степенот на инфестираност на градежните објекти изнесува под 30 насто или 1.100 шахти, дератизација на прифатниот канализационен систем на инфестирани објекти од посебен јавен интерес ќе се врши во 400 шахти, а според програмата дератизација е планирана на јавната депонија „Мегленци“ и во неколку битолски села.
Ново на Сител
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
