Општина Битола со програма за локален економски развој
Општина Битола ја утврди програмата за локален економски развој и изворите на средства кои ќе се вложат во 2016 година.
Од општина Битола информираат дека за реализација на програмата планирани се 39,8 милиони денари, кои во најголем дел ќе бидат искористени за подготвување на инфраструктурни проекти за различни локации на територијата на општината, вклучувајќи ги и континуираните обврски од минатата година.
Програмата предвидува во текот на годината да бидат изработени проекти за повеќе фреквентни улици во градот, проекти за времен и траен сообраќај, улично осветлување, подземна сообраќајница и паркинг, катна гаража, затворен базен и проект за изградба на кванташки пазар во Битола.
Новина во програмата се проектите за изградба на нов мост на реката Драгор, нов сообраќаен кружен тек во непосредна близина на Техничкиот факултет во Битола, односно патниот правец кој води кон Република Грција, како и проект за термо-техничка инсталација во спортската сала „Младост“.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ