Општина Битола ќе отвори Канцеларија за млади
Советот на млади на општина Битола во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе отворат Канцеларија за млади.
Според договорот на менаџерите на проектот Јасмина Тодоровска Митева, претставник на ОБСЕ и Гордана Цветковска Бошевска, претставник на општина Битола, проектните активности се со цел да се обезбедат ефикасни алатки за целосно учество на граѓаните во општествениот живот како и адресирање на младинските прашања.
- Во рамки на овааа активност, наскоро во Битола ќе биде отворена Канцеларија за млади која ќе биде целосно технички опремена и со тоа ќе се придонесе да се зголемат капацитетите за активно учество во носењето одлуки како и ефективно претставување на младите во општината, истакна Гордана Цветковска Бошевска, претставник на општина Битола.
Соработката меѓу општина Битола и Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше официјализирана со Меморандум за соработка кој минатата година го потпишаа градоначалникот Владимир Талески и амбасадорката Нина Суомалаинен.
Ново на Сител
-
Приведен скопјанец кој уценувал девојка
-
До март најверојатно ќе се реализираат две линеарни зголемувања на пензиите, најави Мицкоски
-
Мицотакис: Ги предупредуваме нашите северни соседи, не почнавте добро, престанете да правите сметка без крчмарот
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо
-
Изет Меџити ќе биде прв заменик претседател на Владата
-
За септември одложен почетокот на повтореното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово
-
Се заканувал на странска амбасада - Кривична пријава за прилепчанец
-
ЦУК: Заглавена екипа на Брза помош со пациент во лифт