Општина Аеродром се приклучува кон глобалната акција за мапирање и расчистување диви депонии
Општина Аеродром се приклучува кон глобалниот настан за мапирање и расчистување диви депонии инициран од движењето „Let's Do It! World“.
Акцијата е предвидено да се спроведе на Светскиот ден на чистење, 15 септември, а граѓаните имаат можност директно да се вклучат во детектирање на расфрлениот отпад преку апликацијата „World Cleanup“ на следниот линк https://www.worldcleanupday.
Мапирањето трае до средината на август, по што ќе следи процес на избор на локации за чистење и понатамошна организација и логистика.
„Let's Do It! World“ е најбрзорастечкото граѓанско движење во светот, кое ги поврзува и ги охрабрува граѓаните, општините, компаниите и владите да ги исчистат своите земји од лошо управуваниот отпад. Од 2008 година кон ова движење се приклучија речиси 20 милиони луѓе од целиот свет.
Организатор на настанот во Македонија е Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ од Скопје во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Ново на Сител
-
Македонската дијаспора во Италија ќе го одбележи Богојавление-Водици - Сител со директен пренос
-
Водици најмасовно во Охрид - Сител со директен пренос
-
Последни подготовки за Водици во Штип
-
Дојран прва општина со подземен катастар
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон
-
Претседателката до дипломатскиот кор: ЕУ треба помалку да наредува, а повеќе да убедува
-
ДСЗИ не констатира недостатоци во трите институции за смртта на 9-годишното дете
-
Утре е Богојавление-Водици - ќе се одбележи во сите градови и места низ земјава