Македонија
2. December 2020 - 20:12

Опозициски протести пред Владата и МНР

Оставки од владините политичари кои тајно во Софија го распродаваат македонскиот идентитет, но и од новоназначениот македонски претставник во спорот со Бугарија. Денешните протести организирани од ВМРО ДПМНЕ збогатени со уште барање.

Владо Бучковски мора да отстапи од оваа позиција, преку која се нанесува штета на македонските национални интереси. Тандемот Заев – Бучковски е двоец кој и носи штета на Македонија, беше порачано од денешниот собир пред Владата.

Истовремено, незадоволство од македонската дипломатија беше искажано и пред Министерството за надворешни работи. Никој не знае за што се преговара со Бугарија, велат од ВМРО ДПМНЕ, стравувајќи дека на маса се идентитетските обележја.

Протести за кои од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се надпартиски и обединувачки вечерва беа закажани и во 15 градови во Македонија. На нив опозицијата прашува за што се се преговара со Бугарија и што досега е договорено.