Опозицијата побарала дополнително време да ги разгледа измените на Законот за заштита од заразни болести
На барање на опозицијата на денешната 18. собраниска седница не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, којшто треба да бидат основа за спроведување нови мерки за заштита од коронавирусот.
Од пратеничката група на СДСМ посочуваат дека опозицијата побарала време да го разгледа бидејќи имале сомнеж во некои одредби.
Од ВМРО-ДПМНЕ, потврдуваат дека побарале пред да се изјаснат за законот да го разгледаат и да дадат свои предлози. Од опозициската партија велат дека сакаат да дадат свој придонес и поддршка во напорите за справување со Ковид-19.
Законот, би се нашол на дневен ред на следната собраниска седница на 27 октомври, кога се очекува на работа да се вратат и двајцата пратеници позитивни на Ковид – 19 од мнозинството, Лазе Танески и Исмаил Јахоски.
На собранискиот сајт во предлог-дневниот ред за денешната 18. седница како последна точка беше ставен и овој закон, но на седницата немаше образложение зошто тој денеска не се става на дневен ред.
Ново на Сител
-
Левица: Правда ќе има само со конфискација на нелегално стекнатиот имот на Мијалков
-
„Да не го давиме Белград“: Од загадувањето во Србија годишно умираат до 12 илјади луѓе
-
Кривична за штипјанец поради напад и силување на 63 годишна сосетка
-
Заев ја достави својата кандидатура за претседател на СДСМ
-
Заев – Хрисохоидис: Поддршка за аспирациите кон ЕУ и развој на соработката
-
МНР: Вандалскиот чин и запалениот автомобил на конзулот во Солун нема да влијаат на добрососедството
-
Украдени пари од манастирот „Св Димитрија“ кај Велес
-
ССНМ со силна осуда за нападите врз новинарите и медиумските работници