Опозицијата побарала дополнително време да ги разгледа измените на Законот за заштита од заразни болести
На барање на опозицијата на денешната 18. собраниска седница не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, којшто треба да бидат основа за спроведување нови мерки за заштита од коронавирусот.
Од пратеничката група на СДСМ посочуваат дека опозицијата побарала време да го разгледа бидејќи имале сомнеж во некои одредби.
Од ВМРО-ДПМНЕ, потврдуваат дека побарале пред да се изјаснат за законот да го разгледаат и да дадат свои предлози. Од опозициската партија велат дека сакаат да дадат свој придонес и поддршка во напорите за справување со Ковид-19.
Законот, би се нашол на дневен ред на следната собраниска седница на 27 октомври, кога се очекува на работа да се вратат и двајцата пратеници позитивни на Ковид – 19 од мнозинството, Лазе Танески и Исмаил Јахоски.
На собранискиот сајт во предлог-дневниот ред за денешната 18. седница како последна точка беше ставен и овој закон, но на седницата немаше образложение зошто тој денеска не се става на дневен ред.
Ново на Сител
-
409 граѓани казнети за неносење маска
-
Владата објави список со платите на премиерот и министрите за месец декември
-
Снег што паднал од зграда затрупал мајка и двегодишно дете во Жабљак
-
Пратеници во чешкиот парламент се степале затоа што некои од нив не носеле маски
-
СДСМ: Попис ќе има оваа пролет, пропаднаа обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокирање на оваа статистичка операција
-
ВМРО-ДПМНЕ: Стоп за пописот кој ќе биде фалсификат
-
Повторно одложена премиерата на новиот „Џејмс Бонд“ филм
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е убедливо на дното по странски инвестиции