Македонија
5. January 2025 - 13:08

Опожарено возило во Битола

Во Секторот за внатрешни работи - Битола, ноќеска на полноќ било пријавено дека на улицата „Глигор Прличев“ настанал пожар во патничко моторно возило марка „пежо“ со битолски регистарски ознаки. Тоа било сопственост на В.А .од Битола.

Од СВР - Битола соопштија дека пожарот бил изгаснат од страна на битолската Територијална противпожарна единица. Повредени лица нема, причинета била материјална штета. Увидот го извршила увидната екипа на СВР - Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.