Опожарени два контејнера во Серава

Непознати сторители минатата недела опожариле два сада наменети за одлагање на комуналниот отпад во скопската населба Серава во општина Чаир. Контејнерите биле со зафатнина од 1,1 кубен метар и лоцирани на улицата „Серава“, информира ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје.
Микролокацијата веднаш била целосно исчистена од екипите на ова јавно претпријатие, а потоа биле поставени и нови садови за одлагање на отпадот.
- Апелираме до граѓаните внимателно да ракуваат со контејнерите поставени на јавни површини бидејќи секое нивно оштетување значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и го оневозможува навременото реализирање на тековните активности предвидени согласно Оперативната програма за работа на претпријатието, изјави в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје Сабахадин Рустеми.
Во текот на 2024 година биле опожарени 24 садови наменети за одлагање на комуналниот отпад на територија на Град Скопје. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени кај надлежните органи.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче цврсто против гласање на дијаспората - Мицкоски: СДСМ бара алиби за изборните порази
-

Меѓувладини конференции во Брисел за Црна Гора и Албанија, Македонија изостанува на Европскиот календар
-

Маркетите кои ги зголемиле профитните маржи - ќе бидат предупредени да ги намалат
-

Продолжуваат инвестициите во Охрид
-

Зголемен број на колапси поради топлото - дневно Брза помош има и по 10-тина вакви интервенции
-

ЦЈЗ Прилеп: Не се точни шпекулациите дека е зголемен бројот инфицирани со ХИВ за 50-тина лица
-

Нова стратегија за развој на туризмот на југоистокот од земјава
