Опожарени борова шума и родни дрвца во Крива Паланка
Сува трева, бор, родни дрвца лешници, орев и круши се опожарени во вчерашниот пожар кој се случил во населбата Баглак 2 во Крива Паланка.
Екипи на територијалната противпожарна единица Крива Паланка интерванирале со две возила и петмина пожарникари.
- Дојавата ја примивме во 16 часот и 40 минути, а до доаѓање на нашите екипи месното население веќе делумно го локализирало пожарот. Пожарникарите го локализираа во 16 часот и 50 минути, но поради ширење на пожарот под земја и горење на корењата на борот и опожаренуте дрва, ликвидиран е во 18 часот и 30 минути, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.
Опожарена е вкупна површина од еден декар, а изгорела и една дрвена бандера. Пожарот настанал на државно земјиште со кое под наем стопанисува приватен субјект. Причините за пожарот и материјалната штета дополнително ќе се утврдуваат.
- Апелирам граѓаните да бидат крајно внимателни и доколку забележат пожар веднаш да известат, но и активно да се вклучат во негово локализирање до пристигнување на екипи на ТППЕ, како што беше во овој случај. Потсетувам дека на сила е и забрана издадена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за движење во шуми, додаде Коцевски.
Во гасење на вчерашниот пожар се вклучила и екипа на ЈП Македонски шуми и Подрачното шумско стопанство Осогово, Крива Паланка.
Ново на Сител
-
Прeглeд нa вeститe oд свeтoт
-
12 повредени од пожарот во Кочани денеска ќе бидат испратени на домашно лекување
-
19 годишниот Јован како херој пречекан од соучениците во Виница
-
Мицкоски: Постапката за разрешување на Коцевски во моментов ќе биде запрена
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Ќе се менува законот за угостителска дејност
-
Минималната плата ќе биде донесена на денешната Владина седница и ќе изнесува 24.400 денари
-
Центарот за Социјална работа не бил известен за бегството на пациентот од болницата