-->
-->
Опожарен новоизградниот бегалски центар во Австрија
-->

Зграда во северна Австрија, која беше наменета за прием на десетици кандидати за азил, со умисла е опожарена, соопшто денеска австрискиот Црвен крст.
Минатата година во таа заграда беа примени огромен број на мигранти, пренесува БТА.
Новоизградената дрвена зграда во градот Алтенфелден, недалеку од границата на Австрија со Германија и Чешка, била запалена синоќа.
Црвениот крст, кој е сопственик на зградата, подоцна потврди дека станува збор за пожар со умисла.
- Бевме шокирани, изјави претставникот на организацијата Штефан Нојбауер и додаде дека во наредните две недели во зградата требало да се населат 48 лица.
- Ова е вандалски чин, со каков до сега не сме се соочиле, истакна Нојбауер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележан 4 април, Денот на тутунските работници - се бара поголема поддршка од државата
-

За прв пат Лазарева поворка во Охрид
-

Потрага по пилотот на соборениот американски авион во Иран
-

Преглед на вестите од светот
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
