Опаѓа наталитетот во Велешко, се уште не е родено првото бебе во 2020 година
Во Гинеколошко–акушерското одделение при ЈЗУ Општа Болница во Велес се уште се чека да се роди првото бебе оваа година.
Според информациите оттаму на 31 декември се родени две бебиња, едното неколу минути пред полноќ, а другото дваесетина минути.
Инаку, во последниве две-три години во Велес нема родено бебе на 1 јануари, а за пимер и во 2019 како и во претходната 2018 првото бебе е родено на 2 јануари.
Во 2019 година на оваа одделени при велешата Општа болница се родени вкупно 473 бебиња од мајки од Велес, но и соседните општина Градско и Чашка, како и од соседните Свети Николе Неготино, па и по некоја од Кавадарци. Дел од велешките родилки како и во изминатите години и лани се породиле во клиниките во Скопје.
Споредено со 2018 година кога биле родени 505 бибиња лани биле родено 32 бебиња помалку. Или споредено со претходната 2017 година кога се родени 649, лани биле дури 176 бебиња помалку.
Оттаму потенцираат дека наталитетот во Велес и велешко последниве години се повеќе опаѓа. Така лани се родиле само 473 бебиња, а за разлика од пред петнаесетина години кога се раѓале и над илјади, а имало и години со родени и до 1800 бебиња.
Ново на Сител
-
Стручната фела очекува наскоро да профункционира Законот за употреба на македонскиот јазик
-
Обвинителството се уште презема мерки за сообраќајната несреќа на „Партизанска“ во која загина 22-годишната Фросина
-
Затворска казна за возач во Бугарија фатен со 3,04 промили алкохол
-
Дисциплинска постапка за двајцата лекари кои физички се пресметале во Клиничката болница - Штип
-
Во Скопје пронајдена дрога кај две млади лица
-
Мицкоски: Наместо за нешто друго, сега државата ќе мора да враќа 50 милиони евра за нечии хирови
-
Пратеник од Западна Австралија го смени своето име во Оси Трамп
-
Познатата глумица Блејк Лајвли повторно обвинета за клевета