О’Нил: Референдумот е моќна дипломатско-политичка иницијатива

Ако на референдум народот на Македонија се праша дали сака името на државата да остане „Република Македонија“ и ако граѓаните цврсто гласаат за тоа, тогаш тоа на Владата ќе и се даде силен мандат и ќе значи крај на процесот на медијација кој трае веќе многу години со поддршка на Обединетите нации, оценува поранешен медијатор во грчко-македонскиот спор Робин О’Нил во изјава за програмата „Гласот на народот“ на ТВ „Сонце“.
Според него, доколку се случи тоа, тогаш мора да се очекува дека Грција би рекла оти Македонија еднострано ги прекинува преговорите и можеби ќе воведе и санкции.
- Затоа, би било важно тогаш Македонија да започне светска дипломатска иницијатива за да објасни дека постапила така за да го зачува своето име според меѓународното право, по 23 години преговори без никаков напредок., вели амбасадорот О’Нил.
Во исто време, додава О’Нил, Македонија треба да го изнесе прашањето за името во Обединетите нации со цел нејзиното исправно име целосно да се признае таму.
- Оваа иницијатива сама по себе нема да и помогне на Македонија во желбата да влезе во ЕУ и во НАТО. Но, и политиката која ја следеше дотогаш не го постигна ова, па, откако меѓународната заедница во целост ќе го признае правото на Македонија да го користи името по свој сопствен избор, другите членки на тие организации ќе бидат во посилна позиција да извршат притисок врз Грција или да приговори, или да изнајде алтернативен начин за прием на Македонија, истакнува Робин О Нил.
Ново на Сител
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
-

Ангелов: Во Гостивар, вчера и денеска испорачани околу 200.000 литри пакувана вода
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
