Oние кои прележале Ковид-19 засега не треба да се вакцинираат, вели Филипче
- Целосно е подготвен системот за вакцинација во однос на идентификувањето на критичните групи според приоритет. Направен е тој план, тоа се три групи – во првата лекарите, медицинските сестри, здравствените работници кои работат со Ковид пациенти, вработените во лабораториите. Понатаму штитениците на домовите за лица со посебни потреби и најстарите лица од возрасните групи над 70 години кои имаат коморбидитети, рече Филипче.
Во втората група, најави, се останатите здравствени работници, вработени во критична инфраструктура – наставниците, вработените во градинките, новинарите, и понатаму според приоритетите кои треба да се заштитат и другите пациенти од другите возрасни групи кои имаат хронични болести. Додаде дека целосно се подготвени и здравствените домови и центрите за јавно здравје ширум државата за да ги преземат и ги аплицираат вакцините по овој редослед.
Во однос на тоа дали ќе се вакцинираат лицата кои веќе имаат прележано, вели дека засега препораката е да не се вакцинираат.
Ново на Сител
-
Скопјанец кој се претставил како пратеник се обидел преку ред да помине граница на „Долно Блаце“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека сме биле во право, авансот за кинеските вакцини е вратен
-
Пукање во скопско Љубанци, нема повредени лица
-
Србин пријавил дека на скопскиот аеродром бил нападнат од двајца полицајци
-
11 починати и 305 нови случаи на КОВИД-19 во земјава
-
Комеморација за Бандиќ во вторник, погребот в среда
-
Во Јордан сменети двајца министри поради вечера во ресторан со повеќе лица
-
Бабиш: Чешка може да започне со употреба на руската вакцина и без одобрение на ЕМА