-->
-->
Олисех нов селектор на Нигерија
-->
Некогашниот репрезентативец на Нигерија, Сандеј Олисех е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на оваа земја.
Олисех на селекторската функција го наследи Стивен Кеши кои пред две недели доби отказ. Олисех нема речиси никакво тренерско искуство, првата и едниствена работа му била пред шест години на кормилото на белгискиот третолигаш Вервијетос.
Некогашниот играч од средниот ред за време на активната кариера настапувал за нигерискиот Бриџ Бојс, Лијеж, Реџана, Келн, Ајакс, Борусија Дортмунд, Јувентус, Бохум и Генк. Најдлабока трага оставил во Дортмунд, со овој тим ја освоил Бундеслигата и играл во финалето на Купот на УЕФА.
За селекцијата на Нигерија има одиграно 58 натпревари, а бил дел од тимот кој го освои Африканскиот куп (1999) и Олимписките игри во Атланта (1996).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат