-->
-->
Олимписки квалификации: Македонија – Тунис 10:17 (полувреме)
-->
Во клучниот натпревар за пласман на Олимписките игри Македонија по првиот дел е во негатива на дуелот со Тунис од седум голови (10:17). Нашите играчи лошо го почнаа натпреварот, а противникот нашите грешки знаеше да ги казни и по девет минути игра Тунис водеше со 7:1. Во првите 15 минути Македонија постигна само три голови, а стрелец беше Кирил Лазаров, а имавме и еден промашен седмерец. По слабиот почеток во 10 минути Ристовски беше заменет и на голот застана Митревски, додека Мојсовски во првата постава влезе место Прибак.
По 10:3 за противникот нашите ракометари малку се вратија во игра и намалија на 10:6, но следуваше „двојното“ исклучување за Велко Маркоски и Јоноски и Тунис пак водеше со +7 (13:6). Во финишот на полувремето Тунис ја имаше и највисоката предност од 17:9 во 28.минута.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти
-
Песни и оро во срцето на Скопје, продолжува традицијата стара речиси цел век
-
Отворен ски-центарот „Михајлово“ на Кожуф
-
Мицкоски за Судски совет: Уништен им е кредибилитетот
-
Полска го презема претседателството со ЕУ – од денеска Бугарија и Романија во Шенген
-
Преглед на вестите од светот
-
Новогодишен Дневник 2024
-
Подготовки за најлудата ноќ