Свет
17. April 2016 - 9:33

Оланд ветува 100 милиони евра за беглаците во Либан

Францускиот претседател Франсоа Оланд вети финансиска и воена помош за Либан каде има повеќе од милион бегалци од Сирија.

Оланд кој од вчера почна со четиридневна посета на држави од Блискиот исток, најави дека Франција ќе издвои 100 милиони евра помош во следните три години како и итна помош за зајакнување на воените капацитети на таа држава.

На прес конференција рече дека Либан се соочува со исклучително тешка ситуација поради судирите во соседна Сирија.

Оланд  додаде дека е време либанските политички лидери да ги надминат меѓусебните разлики и да изберат претседател.

Од мај 2014 година поради политичка поделба Либан е без претседател, а парламентот двапати продолжуваше свој мандат од 2009 година.