Оланд: Шенген зоната е во опасност, ако не се реши бегалската криза
Претседателот на Франција Франсоа Оланд вчера предупреди дека доколку бегалската криза не биде решена Шенген зоната ќе се најде во опасност.
Европската унија се обидува да ја реши најголемата бегалска криза од Втората светска војна, а Германија, Австрија и Словачка поради големиот прилив на бегалци повторно воведоа погранични контроли, спротивно на одредбите од Шенгенскиот договор.
Според Оланд Шенген зоната може да се најде во опасност доколку не бидат воспоставени центри за регистрирање во кои ќе се одделат бегалците од економските мигранти и ќе обезбеди поделба на барателите на азил.
Францускиот претседател истакна дека доколку не се контролираат надворешните граници на ЕУ, државите на овој или оној начин ќе воспостават национални граници.
- Ќе бидеме обврзани повторно да воспоставиме гранични премини, контроли и тоа ќе биде крај на Шенген во смисла на контролиран простор што овозможува слобода на движење, истакна Оланд.
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка